Во април се издадени 220 одобренија за градба што е за 5,6 проценти помалку во споредба со истиот месец лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.401.559 денари што е за 33,3 проценти помалку во однос на истиот месец претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 165 се наменети за објекти од високоградба, 20 за објекти од нискоградба и 35 за објекти за реконструкција. Кај 169 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 51 објект инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 367 стана со вкупна корисна површина од 30.671 квадратни метри.
Во април се издадени 220 одобренија за градба што е за 5,6 проценти помалку во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.401.559 денари што е за 33,3 проценти помалку во однос на истиот месец претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 165 се наменети за објекти од високоградба, 20 за објекти од нискоградба и 35 за објекти за реконструкција.
Кај 169 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 51 објект инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 367 стана со вкупна корисна површина од 30.671 квадратни метри.